Миленко Неделковски на својата интернет страница „Дудинка“ се пожали дека добил покана од ОЈО да дојде на распит.

„Ете, уште не избрани, го почнаа прогонот. Вечерва дојде полиција кај мене дома, и ми даде покана од ОЈО. Ме повикува ОЈО како “осомничен за кривично дело“ Загрозување на сигурноста преку ширење расистички и ксенофобични метеријал по компјутерски систем“, пишува Миленко.
Како што пишува тој, претпоставува дека било за кршењето на плочата на Кајмакчалан.
„Не сум сигурен и дали ми е ова од овие кој од утре ќе владеат, или од оние кој до денеска владееа!!! Сигурен сум само во тоа дека ако било кој мисли дека ќе ме заплаши, гадно се заебал.
Можеби можете да го уценувате Заев, Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски, Верушевски, Мијалков…
Со Миленко тој филм нема да го гледате“, напиша Неделковски.