Американскиот амбасадор Џес Бејли го честиташе изборот на новата влада.

„Честитки до премиерот Зоран Заев и парламентарното мнозинство за формирањето нова влада во Македонија. Како пријател и партнер, очекуваме да работиме со новата влада на реформите за интеграција во НАТО и ЕУ, вклучувајќи го и владеењето на правото“, напиша Бејли на Твитер.
