Амбасадата на САД му ја честиташе премиерската позиција на Зоран Заев

од Vladimir Zorba
106 прегледи
Амбасадата на САД во Македонија му го честиташе изборот за премиер на Зоран Заев и изборот на нова Влада.

„САД им честита на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство за формирањето на нова влада во Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД со нетрпение очекува да работи со новата влада за исполнување на евро-атлантските аспирации на земјата за спроведување на итните реформи со  кои ќе се зајакне владеењето на правото и независноста на судството, слободата на медиумите, и отчетноста на владата“, пишува во објавата.

Со твит и иста содржина се огласи и амбасадорот Џес Бејли

Честитка од Бејли до новиот премиер Зоран Заев