ФОТО: Модерна крајбрежна куќа

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Куќата се наоѓа во приморскиот чилеански град Качагу поради што има поглед на океанот, додека нејзината структура поседува современ дизајн и се вклопува во локалните стандарди за градба.

Уникатниот дизајн на куќата овозможува дневната соба, кујната и трпезаријата да се на горното ниво, каде има и пространа тераса, додека спалните соби и другите приватни простории се на приземје.

Со замената на традиционалниот план на просторот домот на своите сопственици им нуди поглед на океанот од заедничките простории, додека спалните соби на паметен начин се изолирани.

Преминот меѓу катовите на куќата речиси е во невидлив манир, а декорот обезбедува фокусот да остане на екстериерот.