Емир Кустурица доживеал сообраќајна несреќа

од desk2
86 прегледи

Познатиот српски режисер Емир Кустурица доживеал сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Чачак, објави Блиц.

Возилото со кое што патувале Кустурица и неговиот возач Виќентије Савиќ излетало од патот, по што и двајцата биле превезени во болница.

Кустурица не бил повреден, па бил веднаш пуштен од болница, Савиќ, кој што е познат српски автомобилист имал скршеница на клучната коска и бил задржан на понатамошно лекување.