Уапсени 12 мина поврзани со лондонскиот терористички напад

од desk2
78 прегледи

Дванаесет луѓе се уапсени по вчерашниот терористички напад во лондон во кој беа убиени седуммина, а 48 се повредени, јави BBC.


Апсењата се направени во Баркинг, источен Лондон, во стан на еден од тројцата убиени напаѓачи.
Инаку, бело комбе влета во минувачи на Лондонскиот мост околу 22 часот, во саботата, а потоа тројца луѓе излегоа и избодеа неколкумина во близина на пазарот. Тие беа убиени по неколку минути од полицијата.
Осудувајќи го нападот британската премиерка Тереза Меј рече дека навистина е доста.
Експлозив бил најден при претресот на станот во Баркинг.
Ова е трет терористички напад во Британија во последните три месеци. Најпрво имаше напад со автомобил и нож во Вестминстер во март, кога загинаа петмина, а во бомбашките напади во Манчестер пред две недели загинаа 22 луѓе.