Тешка судбина на екс-југословенскиот пејач: Синот убиен, ќерката на хероин, тој се обидел да се самоубие

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Екс-југословенскиот и многу популарен пејач Мишо Ковач (75), навистина имал тежок живот и бројни искушенија, кои во еден момент го довеле до моментот тој да се обиде да се самоубие.

Тагата и болката почнале кога неговиот син Еди кој како војниек е убиен во 1992 година. Мишо и неговата тогашна сопруга Анита тврдат дека тоа се случило под чудни околности

– По смртта на Еди повеќе не ме интересираше животот – често повторува Мишо Ковач, чии зборови ги пренесува „24sata.hr„.

Мишо потоа неколку пати признава дека целиот свет му се урнал. На таблети била и неговата сопруга Анита, по што бракот се распаднал. Приказната за тоа што се случило со неговиот син никој не ја ја одгатнал до крај.


– За разлика од хартиите кои ги добивме, а во кои се наведуваше дека нашиот син умрел од прострелна рана во главата, или на крајот дека можел да живее, вистинската верзија е сосема друга. Во тие документи пишува дека Еди умрел од сепса предизвикана од премногу бактерии во организмот, рекла во една прилика Анита.

Смртта на синот ја прелеа чашата во нивниот семеен однос и МИшо се развел од сопругата, а потоа отишол од земјата со пророчицата Силвија Конте Калви Марковиќ. Неговата ќерка тоа не можела да го поднесе.

Пејачот во проорчицата видел личност која може да му го врати мирот.
-Четири години бев полумртов, лежев наголтан со седативи или бев на гробиштата- раскажа Мишо кој во меѓу време го придодал и името Мате.

Ивана (39) се потешко го поднела ова и по смрта на постариот брат, тешката депресија на татко и, разводот на родиделите, таа тргната по патот на хероинот.

_ Јас бев преокупиран со самиот себе и со својата депресија и не ја забележивав нејзината зависност, рекол пред неколку години пејачот. Ивана, во еден момент била полумртва и неа ја пронашла сегашната сопруга на Мишо Лидија, кој и го спасила животот. Ивана денес е една преубава жена.

bzzz…

A post shared by I͞v͞a͞n͞a͞ K͞o͞v͞a͞č ® (@ivanakovacofficial) on

Beautiful dress by @kriedesign ??

A post shared by I͞v͞a͞n͞a͞ K͞o͞v͞a͞č ® (@ivanakovacofficial) on


Меѓутоа се ова оставило премногу голема трага на душата на пејачот и во 1999 година се обидел да се убие. Со пиштол си пукал во градниот кош, но гбил о повикал својот менацер и за половина час се нашол кај лекарите, кои  успеале да му го спасат животот.
-Обидот за самоубиство е само кулминација на наталожената тага, очајот и депресијата од загубениот син, објаснил Мишо Ковач