„На Балканот веќе се менувани границите, овие не се одржливи!„

од Vladimir Zorba
100 прегледи


Поранешниот американски разузнавач Стивен Мејер изјави за Спутник дека не постои ништо свето во границите и поради тоа се залага за прекројување на границите на Балканот.
Тој исто така рече дека дошол до овој заклучок дека границите не се одржливи кога во деведесетите работел во регионот  и тоа како заменик шеф на ЦИА за Балкан.

За време на Клинтоновата администрација,  тоа беше мислење на многу луѓе во американската влада  кои работеа во овој регио.  Тие беа загрижени дека во време на Дејтонскиот договор, помалку-или повеќе, наментнатите решениа кои дојдоа од страна на Западот и беа наменети за Балканот ќе испровоцираат дополнителни проблеми„ тврди Мејер.

Два пати тој бил во Дејтон по повод конкретни прашања за кои Ричард Холбрук, сега веќе починат инаку архитектот на договорот, посакувал со него да разговара.`

„Не успеавме да го убедиме претседателот Клинтон и ниту Холбрук дека тоа не е добра идеја. Всушност, Холбрук многу се налути  на нас, што укажувавме на тоа дека ова не е најдобар начин да се оди напред. Тој така сакаше да се најде решение и тоа да се постигне  брзо. Верувам дека добар дел од Дејтонскиот договор е факт и дека беше крај на крвопролевањето во Босна. Но, Милошевиќ сакаше да ги задоволи САД и зборуваше во име на босанските Срби. Холбрук беше многу одлучен во врска со решенија и ја уверуваше администрацијата дека ова е вистинскиот пат”, додава Mejeр.

Тој нагласи дека тој бил свесен дека БиХ не е одржлива на долг рок, и дека постои само на хартија, но тоа е всушност фикција.

“Моќта не е во Сараево, туку во други места . Во етничките заедници, во американската амбасада во Сараево, барем кога станува збор за Федерацијата. Се разбира, тие имаат голем проблем со Додик. Тие му наметнаа санкции. Многу е патетично и смешно”, вели Мајер .

Тој додава дека е опасно да се менуваат границите, но тоа зависи од тоа како ќе се изведе тоа..

“Ние веќе тука ги прекроивме граница. Земете ја Црна Гора, таму гласањето беше многу тесно. Голем дел од светот го призна Косово, не сите. Пет земји од ЕУ тоа не го сторија. Но, тоа е, исто така, прецртување на граници. И како што реков, Босна не работи многу добро, но овие ограничувања се со суштински промени. Мислам дека тоа треба да се направи на мирен начин, мора да има некој вид на креативно раководство на Балканот. Нема ништо свето во границите. По крајот на Студената војна, многу граници се менуваа. Границите на Советскиот Сојуз се променија. Чехословачка ги промени границите. Германците ја променија границата. Секако се е можно “, вели Мејер.