Повторно сме тема-Велешките фејкери, Хилари, македонска химна, се тоа ечеше на ТВ Фокс њуз

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Македонија  и велешките фејкери беа повторно тема на една од најпопуларните водечки политички емисии во САД, „Вечер со Такер Карлсон на ТВ Фокс њуз“.

Повод за оваа емисија беше неодемнашната изјава на демократскиот претседателски кандидат на последните избори во САД, Хилари Клинтон,која се наврати повтороно  на фејк вестите на велешани  и нивните  веб-страници од Македонија , дека токму тие се исто така виновни за нејзиниот изборен пораз.

Водителот првин даде една слика за Македонија и објасни каде таа точно се наоѓа

 

 

 

Во ова нанјгледано шоу гостин во емисијата беше  и Мето Колоски, претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон.

Во интервјуто, Колоски го потеницираше значењето на Македонија како голем стратешки партнер на САД со потсетување на позитивниот одговор на Македонија на американското барање за помош во Босна, Косово, Ирак, и Авганистан. Колоски рече дека е апсурдно обвинувањето дека некои веб-страници направени во Македонија одиграле значајна улога во минатогодишните избори за претседател на САД.

„За време на администрацијата на Обама Македонија беше запоставена. Хилари Клинтон како државен секретар иако посети многу од балканските земји, Македонија никогаш не беше на нејзината агенда за посета. Македонија нема официјална посета од американски државен секретар од 2003 година, од американски претседател од 1999 година и од Секретар за одбрана од далечната 2007 година“, рече Колоски.

Клинтон ги изгуби изборите за претседател на САД, а на чело на земјата застана Доналд Трамп. За време на кампањата се појавија неколку интернет страници кои продуцираа лажни вести, а со кои се оцрнуваше работењето на Хилари.Сепак, во политичкото шоу Карлсон се исмеваше со тврдењата на Хилари дека токму велешките студенти и средношколци биле причина за неуспехот на Хилари.

На крајот од емисијата,  беше пуштена  и македонската химна, а нашето знаме се вееше во крупен кадар.

Телевизијата „Фокс њуз“ е блиска до републиканците, а воедно е и една од најгледаните во САД.

(Дел од дебатното политичко шоу на Карлсон посветено на Македонија е достапно и на овој ЛИНК)