Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли во октомври минатата година поднесе барање за развод од Бред Пит, а сега и пречи тоа што тој се обидува да продолжи со својот живот, пишуваат американските таблоиди. 
Како што вели извор близок до глумицата, таа се уште му е лута на својот поранешен сопруг, но не и е сеедно поради тоа што тој одлучил да продолжи со животот и да најде друга.
Барањето за разводот се случи поради проблемите на Пит со алкохолот и неговиот однос со децата. Оттогаш трае и нивната борба за старателство над шесте заеднички деца – Медокс (15), Пекс (13), Захара (12), Шајло (10) и близнаците Нокс и Вивиен (8)