Пејачот Мишо Ковач (75) за време на животот се бореше со многу искушенија, кои го доведоа во еден момент тој да се обиде да изврши самоубиство.
Тагата и страдањето започна кога неговиот син, Еди како војник беше убиен во 1992 година, но Мишо и неговата сопруга Анита тврдат дека смртта на нивниот син се случила под чудни околности.
“По смртта на Един ја никогаш повеќе не се заинтересирав за животот”, ова често го зборуваше Мишо. Мишо неколку пати, призна дека тогаш му се распаднал целиот свет.
– За разлика од документот кој го добивме, а во кој се наведува дека нашиот син починал од прострелна рана на главата со како што се наведува би можел да живее, вистинската верзија беше поинаква. Во овие документи стои дека Еди почина од сепса предизвикана од голема количина на бактерии во телото – рече во една прилика, Анита.
Меѓутоа, смртта на синот беше капката што ја прели чашата и Мишо се разведе од сопругата, а потоа ја напушти и земјата со гатачката Силвио Конте Калви Марковиќ. Неговата ќерка Ивана не можеше да поднесе тоа што татко и ги остви.
– Четири години бев полумртов, лежев наклукан со седативи или бев на гробишта – изјави Мишо, кој во меѓувреме си го додаде и името Мате.
Ивана (39) сè потешко и потешко го поднесуваше отсуството на татко и. По смртта на постариот брат, тешката депресија на татко и разводот на родителите, таа посегна по хероин.
Бев толку преокупиран со самиот себе и со својата депресија, дури и не ја забележав зависноста кај неа – рече пред неколку години пејачот. Сепак, Ивана еднаш, полу-мртва ја најде сегашната сопруга на Мишо, Лидија и со тоа и го спаси животот.
Сето ова остави преголем белег на душата на пејачот и тој во 1999 година се обиде да се самоубие. Со пиштол се застрелал во градите, но е пронајден по половина час, и лекарите усепаа да го вратат во живот.
– Обидот за самоубиство беше само кулминација на акумулираната тага и очај поради загубата на синот – објасни подоцна Мишо Ковач.