32% од младите Руси се против секс пред бракот, а повеќе од две третини се лошо расположени кон хомосексуалноста, покажуваат резултатите од истражувањето на Државниот универзитет за управување, пренесе ТАСС. 
Истражувањето е извршено во рамките на подготовката на годишниот извештај за ситуацијата на младите и реализацијата на младинската политика во Русија.
На прашањето за односот кон предбрачни полови врски, 31% од испитаниците одговориле дека се “категорично против”, а 19,6% рекле дека “често практикуваат” тоа 9,7 проценти одговориле “ретко, само сум пробал “, а 17,5 проценти -” сам не сум го правел, но не ги осудувам другите “.
Во однос на хомосексуалноста, цели 71,8% од испитаниците изјавиле дека се “категорично против”. Во анкетата учествувале 1600 лица на возраст од 16 до 24 години, соопштува МИА.
110