Познатиот турскиот етномузичар со меѓународна кариера Омер Фарук Текбилек со концерт на 21 јуни во Македонската опера и балет ќе го отвори “Скопско лето”.
Текбилек, кој живее и твори во САД, свири на специфични традиционални инструменти неј, саз, тарабука, кавал и зурла. Музичкиот стил и инспирација ги црпи од традиционалната Суфи уметност и арапската традиционална музика, во кои вклучува амбиентални електронски елементи. Ќе настапи со група во која членуваат музичари од Балканот и од Италија.
Дирекцијата за култура и уметност – Скопјке и Турскиот културен центар во Скопје “Јунус Емре“ Фуат Коркмаз, по четири години договорање успеа да го донесат Текбилек кој специјално за овој концерт од Америка ќе допатува во Скопје.
– Препознатлив е по традиционалните инструменти. Неговата музика е лек за душата, допира до нашите чувства и носи порака дека музиката зближува, рече Коркмаз, додавајќи дека неговата група, во која членува и македонскиот перкусионист Ратко Даутовски, е слика на мултикултурализмот.
Билетите се по цени од 500 и 600 денари и се во продажба во МОБ. Почетокот на концертот е во 22 часот, кога и официјално ќе биде отворен фестивалот.