Поранешниот претседател на САД Барак Обама во текот на осумте години од двата претседателски мандати за време на свечени настани секогаш бил со ист смокинг.
Ова беше откриено од неговата сопруга Мишел пред новинарите на конференцијата на развивачите на софтвер, организирана од “Епл” во Сан Хозе, Калифорнија.
Мишел Обама кажа дека за време на неговото владеење сите фотографи и модни критичари за време на свечени настани претежно се фокусирале на нејзините фустани и додатоци, но практично никој не обраќал особено внимание на облеката на претседателот.
“А тој секогаш беше облечен во истиот црн смокинг. Што и да правите, тој секогаш го облекуваше токму него”, призна поранешната Прва дама.
“Луѓето ги коментираа и фотографираа моите чевли, нараквици, ѓердани, но тие никогаш не рекоа ниту збор за тоа дека во текот на осум години, тој носеше ист смокинг и исти чевли”, цитира списанието “Холивуд репортер”.
“А тој, згора на сè и се гордееше со тоа. Често велеше: “Еве, јас сум подготвен. Ќе бидам подготвен за 10 минути”, се сеќава во смеа поранешната Прва дама.