„Самсунг“ паметен фрижидер со екран од 10 инчи

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Јужнокорејската компанија Самсунг на Саемот на потрошувачка електорника во Лас Вегас претстави фрижидер со две врати кој следи какви продукти има во него и кога завршува нивниот рок на траење.

Самсунг паметниот фрижидер може да предложи рецепти со оние продукти кои ги има во него. Фрижидерот на вратата содржи таблет со екран од 10 инчи. Тој доаѓа со апликација, кој може да испрати и листа за купување, како и да ги замени пораките кои се оставаат на класичните фрижидери.

Апликацијата „Еврноут“ овозможува споделување листи за пазарување, кои може да ги изменуваме и потоа да ги пратиме додека некој се наоѓа во продавница. Друга апликација следи што продукти има во фрижидерот на кои можеме да ставиме и рок на траење за што подоцна фрижидерот ќе не потсети да го искористиме.

Фрижидерот Т9000 преку друга апликација може да понуди рецепти во зависност од продуктите кои се наоѓаат во него. Во соработка со „Униливер“ на екранот ќе се појавуваат и најновите купони со акциски производи.

Во продажба се очекува да се најде во текот на годината, а неговата цена ќе биде околу 4.000 долари, наведува сајтот „Машабле“.