Кувајтски министер: Катар е подготвен да ги сослуша причините за загриженост на земјите од заливот

од desk2
69 прегледи

Министерот за надворешни работи на Кувајт изјавил дека Катар е подготвен да ги сосолуша причините за загриженост на земјите од заливот, поради кои земјата е дипломатски и економски блокирана, пренесува Reuters повикувајќи се на државната новинска агенција KUNA.

Како што е речено, Кувајт е подготвен да ги продолжи напорите за надминување на разликите меѓу државите во регионот.
„Ја потврдуваме подготвеноста на нашите бража во Катар да ја сфатат реалноста и загриженоста на нивните браќа во однос на безбедноста и стабилноста. Државата Кувајт нема да се откаже од напорите со добра волја да се надминат разликите и да се занимава со прочините на несогласувањата, а се во дух на братските односи“, ги наведува агенцијата зборовите на министерот за надворешни работи шеикот Сабах ал-Калид ал-Сабах.

Кувајтне се приклучи на групата земји предводени од Саудиска Арабија која го стави Катар под санкции тврдејжи дека учествува во финансирање на тероризам.