Лето без таблети и смартфони

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Директорката на приватна гимназија во Вашингтон Дијана Смит вети дека ќе плати по 100 долари на секој студент, ако тој се откаже од својот таблет и мобилен телефон за време на летниот одмор, пишува “Вашингтон пост”. Смит изјави дека на почеток таа им понудила на децата да го поминуваат секој вторник без електронските уреди. Родителите целосно ја поддржале нејзината иницијатива.

Смит е на чело на гимназијата веќе 9 години. Таа вели дека со секоја измината година ситуацијата станува полоша и полоша: тинејџерите не го пригушуваат ѕвонењето, остануваат будни до доцна во ноќта на интернет или си пишуваат пораки. Директорката изразила желба да плаќа сама од џебот на ученици кои барем еден ден во седмицата не уживаат со смартфоните или таблетите.