Политичката драма „Осло” на драматургот Џ.Т. Роџерс ја освои наградата „Тони” за најдобра театарска претстав за оваа сезона.
„Осло” победи во конкуренција на „Пот”, „Непристоен” и „Куќата на куклите 2″. Пиесата беше номинирана во вкупно седум категории.
Приказната е околу средбите меѓу израелскиот премиер Јицак Рабин и тогашниот водач на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Јасер Арафат во 1993, што резултираа со историскиот договор од Осло и ракување меѓу двајцата лидери.
Годинешните „театарски Оскари” беа доделени на церемонија во Њујорк, а шоуто го водеше глумецот Кевин Спејси.
Мајкл Аронов, кој се појавува во улога на израелски дипломат, доби „Тони” за најдобар актер за споредна улога.
Добитници на наградите „Тони” за 2017 година:
– Најдобар мјузикл: „Драги Еван Хансен”;
– Најдобра театарска пиеса: „Осло”;
– Најдобра машка главна улога во театарска пиеса: Кевин Клајн;
– Најдобра женска главна улога во театарска пиеса: Лори Меткалф („Куќата на куклите 2″);
– Најдобра машка споредна улога во театарска пиеса: Мајкл Аронов („Осло“);
Најдобра женска споредна улога во театарска пиеса: Синтија Никсон;
Најдобра машка главна улога во мјузикл: Бен Плат („Драги Еван Хансен”);
– Најдобра женска главна улога во мјузикл: Бет Мидлер („Здраво, Доли!”);
– Најдобра машка споредна улога во мјузикл: Гевин Крил („Здраво, Доли!”);
– Најдобра женска споредна улога во мјузикл: Рејчел Беј Џоус („Драги Еван Хансен”).
Наградите „Тони” се востановени далечната 1947 година и го добиле името по театарската глумица Антоанет „Тони“ Пери.
На манифестацијата се прогласуваат најдобрите претстави на Бродвеј. Добитниците се избираат со гласање на жири, составено од еминентни претставници на театарската фела, режисери и критичари.