
Ве инфомираме дека, по реакција на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, редакцијата на Фајненшел Тајмс го смени насловот на текстот од интервјуто со Министерот за надворешни работи Никола Димитров, согласно неговата изјава која гласи: „Македонија ја разгледува можноста за користење на привременета референца за зачленување во НАТО“.
(Линк до интервјуто: https://www.ft.com/content/14cf0f74-4d17-11e7-919a-1e14ce4af89b)
Фајненшл Тајмс предходно објави наводна изјава од Димитров дека „Македонија ја разгледува можноста да го смени името за да влезе во НАТО“.
Шефот на македонската дипломатија за Фајненшел Тајмс, меѓу другото, вели дека членството во НАТО би помогнало да се смират состојбите на Балканот и да се намали опасноста од крвопролевање во регионот.
Македонија ќе ги разгледа свежите предлози за привременото име, во обид да го отклучи грчкото противење за членство во НАТО, изјавил Никола Димитров, министерот за надворешни работи за Фајненшл тајмс.