Норвешката влада предложи забрана за носење на муслимански покривки на главата во сите образовни институции, од училишта па се до универзитетите, тврдејќи дека тие се пречка за комуникација помеѓу учениците и наставниците, пренесува Фена.
Норвешката владејачката коалиција на конзервативната и антиимигрантските десничарски партии минатата година, ветија забрана повикувајќи се на тоа дека никабот и бурката, се како маски за лице.
– Ние не сакаме облека која целосно го покрива лицето на учениците и студентите во училиштата и универзитетите. Таквата облека ја спречува добрата комуникација, што е од суштинско значење за учениците да добијат добро образование – се вели во соопштението за медиумите на министерот за образование и наука, Торбјорн Срна Исаксен. Норвешките медиуми објавија дека владата може да смета на поддршката од повеќето партии, се наведува дека се очекува оти законот ќе биде донесен во пролетта 2018 година. Локалните власти во Норвешка веќе имаат овластување за забрана на покривки во училиштата, но не постои единствена национална политика во оваа област. Во оваа фаза, нацрт-законот не предвидува никакви последици за неговото непочитување. Пишувањето за жените е навистина ретко во Норвешка, особено во училиштата, но оваа тема веднаш стана предмет на политичка дебата.
– На облеката што ги покрива жените, како за никабот и бурката нема место во Норвешките училишта. Основната вредност е тие да бидат во можност да комуницираат едни со други – вели Пер Сандберг, Министерот за имиграција и интеграција, за АФП. Парламентарните избори во нордиската земја ќе се одржат на 11 септември.