Србија подготвува тужба против НАТО за бомбардирањето во 1999

од desk3
102 прегледи

 

Осумнаесет години по меѓународна интервенција поради вооружениот конфликт во Косово, Србија  подготвува тужба против 19-те членки на НАТО кои учествуваа во, според правниот  тим, агресија против државата Србија.

Според  РТС, во име на жртвите, се подготвува посебен тим составен од домашни и странски адвокати и лекари, кои ќе се обидат да ја докажат врската помеѓу зголемувањето на најсериозните болести и употребата на ураниумот во бомбашкиот напад.  Како основа на тужбата, адвокати ќе се повикаат  на аргументите дека  за целосен прекин на влијанието на  осиромашениот ураниум потребни се  45 милијарди години, а според признанието на НАТО во 1999 година на територијата на Србија и Косово фрлени се повеќе од 10 тони.

“Сега статистика зборува за голем  процент на болести, епидемија на малигни заболувања, аномалии кај потомството, фактот дека кај едно дете на ден се воспоставува малигнитет, доволно говори за ризикот”, вели членот на тимот Радомир Ковачевиќ, токсиколог на Институтот за медицина на трудот и радиолошка заштита. Иако врската меѓу статистиката и бомбардирањето официјално не е докажана, тимот на експети има намера тоа да го  утври и пред судовите од 19 земји членки  на НАТО.

“Она што е уште поважно, тоа е да се направи комисија која ќе ги обезбеди сите докази за се што ни е направено, документирано со фотографии, истории на болести, а потоа  да се почека соодветен момент за да се искористи”, вели адвокатот Тома Фила. Целта на тужбата, велат од тимот на експерти, е да се бара земјите учеснички во бомбардирањето да помогнат во санирањето на последиците.