Од верските календари

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 мај.

Денеска е Св. апостол Ерма.

Свети Ерма е еден од 70-те Христови апостоли. По род бил Грк, а долго живеел во Рим. Го спомнува апостол Павле во Посланието до Римјаните. За неговиот живот добиваме некои податоци и од неговата книга Пастир, која е зачувана до денес. Прво бил богат човек, но поради своите и гревовите на своите синови попаднал во сиромаштија, што го навело да го промени умот и да постави нов темел во својот живот. Бил епископ на Филиопол (денес Пловдив), а животот го завршил маченички.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Антун Падовански.

Бил роден во Лисабон, во 1195 година. Го оставил грофовскиот дом и станал свештеник. Тргнал на пат за Африка. Поради “лошите” временски услови, тој со својот брод застанал на брегот на Италија. Се засолнил во еден манастир во Падова. Станал познат проповедник. Умрел во 1231 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР  

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 17 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 08 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###