
Откако Владата ќе ги прифати овие предлози, следува верификација на мандатите во Собранието.
Во меѓувреме за денеска се најавуваат и разрешувања во МВР. Како што напишаа повеќе медиуми Митко Чавков го потроши и последниот директорски ден во Бирото за јавна безбедност . Барање за негово разрешување поднесе уште екс министерот за внатрешни Агим Нухиу, а за очекување е токму на денешната владина седница тој да биде разрешен.

Директорот на БЈБ беше и шеф на оперативниот штаб за време на крвавиот упад во Собранието. Во извештајот на работната група на министерството, Чавков беше посочен како одговорен за настаните, бидејќи не извршил безбедносна проценка и не издал навремена наредба иако имал дојава, со што го овозможил упадот во законодавниот дом.
Денеска се очекуваат смени и на другите раководни функции во МВР, освен Чавков, најверојатно Владата денеска ќе го разреши и директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање, Владимир Атанасовски.