Според извори од МВР, се очекува до крајот на оваа седмица веднаш по разрешувањата на директорите на БЈБ и УБК министерот Оливер Спасовски да ги смени сите началници и да ја постави својата нова гарнитура која ќе треба да го го врати дигнитетот на МВР
На денешната владина седница се очекува да се реализираат разрешувањата во МВР кои ги побара уште поранешниот министер Агим Нухиу. Како што објавија повеќе медиуми Митко Чавков го потроши и последниот директорски ден во Бирото за јавна безбедност . Барање за негово разрешување поднесе уште екс министерот за внатрешни Агим Нухиу, а за очекување е токму на денешната владина седница тој да биде разрешен.
Директорот на БЈБ беше и шеф на оперативниот штаб за време на крвавиот упад во Собранието. Во извештајот на работната група на министерството, Чавков беше посочен како одговорен за настаните, бидејќи не извршил безбедносна проценка и не издал навремена наредба иако имал дојава, со што го овозможил упадот во законодавниот дом.
Денеска се очекуваат смени и на другите раководни функции во МВР, освен Чавков, најверојатно Владата денеска ќе го разреши и директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање, Владимир Атанасовски.
