Поради српскиот упад во македонскиот парламент, запира партнерството меѓу службите на Скопје и Белград

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Разузнавачките агенции на Република Македонија и Србија ја  прекинуваат размената на информации поради скандалозното однесување на српскиот агент Горан Живаљевич за време на “крвави четврток” на 27-ми април. 

Тогаш Живаљевич кој официјално работи како разузнавач на српската БИА и советник во српската амбасада во Скопје и упадна во парламентот со првата група демонстранти.

Тогаш беа повредени повеќе од 100 лица, вклучувајќи и актуелниот премиер Зоран Заев и лидерот на Алијансата Зијадин Села. Живаљевич дури си направи и селфи за време на крвавите судири во парламентот.

Откако македонската страна побара негово протерување, компромосиното решение од Белград беше да биде повлечен и лицето  за контакти со разузнавачката служба во Белград.

Двете разузнавачки агенции постигнале договор да ги повлечат своите претставници од амбасадите – Живалевич од Скопје и Ирена  Бужаровска од македонската амбасада во Белград,  иако на втората враќањето коинцидира со завршување на нејзниот мандат на 15 јули.

Освен тоа, разузнавачките агенции ја прекинуваат соработката со натамоѓна размена на безбедносно-дипломатски претставници. Ова значи дека привремено се суспендира договорот за соработка кој предвидува размена на претставници од безбедносно-разузнавачки профил во дипломатските претставништва во Белград и Скопје.

Оваа информација е потврдена од Агенцијата за разузнавање на Република Македонија, од каде се потврдило  дека привремено запира и договорот за соработка.

Живаљевич кој предизвика огромно тензии меѓу двете земји, е поранешен заменик-директор на БИА, а од 10 години работи како дипломат и советник во српската амбасада во Скопје. Пред десет дена српското издание “Крик” објавува документи  од разговорите на Живаљевич кој организирал кампања за поддршка на руската политика и поранешниот премиер Никола Груевски. Целта на кампањата е и да се води битка против членството на Македонија во НАТО. Од документите стана јасно дека целата операција била предводена лично од Горан Живаљевич. Тој организирал пропагандата кампања преку новинарот и пратеник од партијата на претседателот Александар Вучиќ, Мирослав Лазански и лидерот на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, и локални новинари и телевизии поддржувачи на политиките на Србија и Белград.

Се докажа дека Живаљевич  ги  координирал сите нивни активности вклучително и написите во медиумите.