Јунски снег израдува скијачи во Калифорнија

од Vladimir Zorba
131 прегледи

   Невообичаена зимска бура за овој дел од годината донесе снег на Сиера Невада во Калифорнија, што овозможи љубители на симски спортови да скијаат  во очекување на летото.

Во Скво Вали бурата нанесе околу 10 см снег на повисоките места, што одушеви скијачи.

– Дефинитивно е убаво, изјави портпарол на одморалиште и додаде дека план е скијалиштето да биде отоворено додека има снег.

– Можно е таквото време да трае до крајот на јули или можеби и август. Снег во јуни е реткост, но не и неочекувано, велат метеоролози.