Еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси, по напорната сезона се одмора на Ибица. 
Во една прилика таму тој се фотографирал со еден фан а фотографијата, на која според многумина, се гледа неговото „мутантско” колено ги згрози неговите фанови на интернет.
Освен сопругата на Сеск Фабрегас во позадината, на сликата се гледа нешто уште почудно, што предизвика бројни реакции.
– Му расте ли на Меси уште една нога кај коленото?, праша некој на Твитер, забележувајќи го израстокот на неговата нога.
Освен тоа, луѓето го коментираа и (не)вкусот на фудбалерот за бермуди.
¿Qué le pasa a Messi en su rodilla? La imagen se hizo viral por lo curiosa https://t.co/IbVCmFgaBm pic.twitter.com/R7B08nsxCL
— LOS ANDES Diario (@LosAndesDiario) June 12, 2017
Секако, имаше и такви кои тврдат дека фотографијата е всушност фотомонтажа.
Како и да е, се чини, за Меси ниту одморот не е баш одмор.