“Само при неуспех постигнувате успех. Можете да стигнете до најдобрите работи кога сте се справиле со најтешките работи. ”

Кејт Хадсон е американска актерка, родена на 19 април 1979 година во Лос Анџелес. Таа е ќерка на актерката Голди Хоун.
Својата слава Хадсон ја должи на лентата “Речиси познати” (2000 година), кога е номинирана за “Оскар” за најдобра споредна женска улога и зема награда “Златен глобус” во истата категорија. По уште неколку незабележителни кинопроекти, Кејт успева да се наметне како талентирана актерка со учеството во филмовите “Како да загубиш дечко за 10 дена” и “Развод по француски”, “Шперц” и други.
Хадсон има син од фронтменот на групата “The Black Crowes” – Крис Робинсон, за кого се омажила во 2007 година. Три години подоцна започнува врска со пејачот Метју Белами.