Споменикот на Малата сирена во Данска повторно цел на вандали

од desk2
159 прегледи

Споменикот на „Малата сирена“ во главниот град на Данска, Копенхаген, повторно беше цел на вандали, па сега е обоена со сина и бела боја. На платото пред неа, испишани се зборовите „Ослободете го Абдула“.

Полицијата на Twitter објави дека во врска со инцидентот се бара русокоса девојка, висока околу 170 см.
Според полицијата, човек кој ноќта го шетал своето куче пријавил дека видел како ја вандализираат „Малата сирена“. Се уште никој не е уапсен за инцидентот.

Скулптурата е направена од скулпторот Едвард Ериксен во 1913 година, и го отсликува ликот на малата сирена од приказната на данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен.

Од тогаш таа често е цел на вандали, а последниот се случи во мај кога борци за права за животните ја испрскаа со спреј во црвена боја, наводно за да го свтрат вниманието кон зачувување на китовите на Фарските Острови.

Малата сирена е украдена во 1964 година и во 1998, а рацете и беа отсечени во 1984 година.
Во 2003 година беше украдена, а потоа пронајдена и реставрирана.

Исто така, беше врзана и со бурка, а беше облечена и во дрес на шведската и норвешката фудбалска репрезентација.