Снимка од камера покажува ужасен момент, како маж прекриен со бурка, намамува 11-годишно дете, за да го силува и убие. Азан Маџид Џанџуа бил силуван и убиен откако бил киднапиран од џамија во Абу Даби, каде бил на попладневна молитва за време на Рамазан пред две недели.

Убиецот бил маскиран како жена, за да го одведе на покривот на џамијата, бидејќи знаел дека малото момче нема да замине со непознат маж, без да побара дозвола од родителите, пишува Gulf News. Камерата за надзор го фатила осомничениот, како носејќи чанта, се качува во лифт со момчето. Полицијата смета дека виновникот е имигрант од Пакистан. Тој го однел детето на покрив од зградата, каде го силувал и го задавил до смрт. Генерал мајор Мактум ал Шариф од полицијата во Абу Даби изјави: “Тој бил преправен како жена, зашто знаел дека момчето нема да замине со непознат маж, без да им каже на родителите”. Телото на Азан било откриено од техничарите на клима на 31 мај на покривот на зградата во која живеело. До него лежала копија од Куранот. 48 часа подоцна убиецот бил уапсен. Тој го признал делото за кое бил обвинет. Наводно, родителите се познавале со убиецот.