МНР: Документите за службени патувања повторно ќе бидат информации од јавен карактер

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Документите поврзани со службени патувања на вработените во Министерството за надворешни работи со решение на министерот во овој ресор повторно стануваат информации од јавен карактер, соопшти Министерството за надворешни работи.

Како што информираат, министерот Никола Димитров со решение на 12 месецов го укинал претходното решение на заменик министерот за надворешни работи од 14 февруари годинава за класификација на сите документи кои се однесуваат на службени патувања на министерот и сите вработени во Министерството, како и сите службени патувања на лица кои се во делегација или во нејзина придружба, соопшти Министерството  за надворешни работи.

Решението, се посочува, е производ на посветената заложба на Министерството за целосна транспарентност пред граѓаните и пошироката јавност на Република Македонија и отчетност за работата на овој ресор и начинот на трошење на парите на даночните обврзници, без притоа да ја загрози сензитивноста или безбедноста на својата работа.

– Министерството за надворешни работи останува отворено за натамошна соработка со сите заинтересирани чинители во општеството, се вели во соопштението.