
Извори од СЈО за Телма велат дека до сега не добиле ниту писмено, ниту усно известување, дека адвокатот Никола Додевски излегува од одбраната. Тој и денеска остана недостапен за коментар по информацијата дека повеќе нема да биде адвокат на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Адвокатите од неговиот тим потврдуваат дека нивниот договор за соработка истекува на крајот на месецот кога завршува и рокот на СЈО за поднесување на обвиненија и не се знае дали ќе бидат ангажирани и понатаму за судските процеси. Дел нив и денеска беа во СЈО но како што велат, не биле со клиенти за распит туку да земат докази за веке завршени истраги.
Петнаесетина истраги се завршени или се привршуваат, меѓу нив „Титаник“ за изборни измами, „Тврдина“ за уништување на опремата за прислушкување, „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, „ТНТ“ за уривањето на Космос, „Тенк“ за мерцедесот од 600 илајди евра, „Труст“ за тендер од Елем и други. Последниве денови акцентот се става на завршувањето на предметите „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и можеби најсуштинскиот предмет за СЈО – „Таргет“ кој треба да даде одговор кој и како прислушувал.
Следните 15 дена ќе се знае билансот на обвинитенија на СЈО. Досега беа поднесени три. Две се веќе во судска процедура, „Шамарите во Центар“ и „Тврдина“, и а за предметот „Транспортер“ за градоачлникот на Битола, Талевски, следната ќе се знае кога ќе влезе во судница на оценка на обвинение.