Во тек е караванот накниги низ Македонија. Летотот е одлчно за читање, пча затоа не губете време. За лето со книга ве подготвиува Македонската асоцијација на издавачи која д вчера го започна караванот на книгата низ Македонија. Првата дестинација е градот Прилеп.

Во соработка со Градската библиотека “Борка Талески”  до 17 јуни, на платото пред библиотеката, вљубениците во книгата ќе можат да ги најдат најдобрите и најбараните изданија на шест (6) издавачки куќи членки на МАИ: Култура, Три, Антолог, КСЦ Полица, Едука Мак и Арс Ламина.
Издаваштвата најавуваат атрактивни саемски цени до 70 проценти, како и средби, промоции и потпишување книги од нивните автори.

По Прилеп, караванот на МАИ продолжува во Гевгелија, а до почетокот на идниот месец издавачките куќи најавуваат дека своите книги ќе ги доближат и до читателите во Битола, Куманово и Штип.

Во исто време МАИ ги продолжува саемите и во Скопје. Следен на календарот на активности е Летниот саем на книгата во Капитол мол кој  трае до 18 јуни.