
Така на репертоарот се британскиот филм “1959 година која го променила џезот” посветена на изданијата на Мајлс Дејвис, “Кралиците на џезот: Радоста и болката на џез-дивите”, приказна за животите на едни од најголемите џез-пејачки во изминатиот век Били Холидеј, Ела Фицџералд, Нина Симон, Пеги Ли, Сара Вон и Ени Рос.
Цените на картите се разликуваат од денот. За првиот ден, цените на билетите беа 150 денари од проекција. Останатите денови се по 100 ден, а некои проекции, како блокот кратки филмови на 17.06 со почеток од 19 часот (од Ејми Вајнхаус: Со свои зборови до филмот Румофил) и концертниот филм Дерек Меј и Џијан Емин, на 18.06. се бесплатни, но сепак заинтересираните љубители на филмот треба да си земат билет бидејќи седиштата се нумерирани.
Резервациите може да се направат на телефонскиот број на Кинотека, почнувајќи од 16 часот: 3065 968.
Филмот “Ејми Вајнхаус: Со свои зборови”, кој го прикажува портретот на Ејми Вајнхаус, се состои од интервјуа кои таа ги има дадено за Би-би-си, филмовите “Задоволството наречено Моцарт”, “Френк Запа – Современиот композитор одбива да умре”, “Да живее Рок” – за британскиот фотограф Мик Рок, за кој се вели дека е “Човекот кој ги сликал 70-тите” и кој работел со Дејвид Боуви, Лу Рид, Квин, Сид Берет и Пинк Флојд, Иги Поп, секс Пистолс, Токинг Хедс, Блонди и многу други, како и “Во сеќавање на Лу Рид” и “Дејвид Боуви на Би-би-си”…
Публиката ќе има можност да го види и музичкиот документарец од настапот на Дерик Меј со оркестарот Ламуру и солистот Франческо Тристано, под диригентската палка на Џијан Емин на Њеатхер Фестивал во Франција.
Фестивалот на својата програма има документарни филмови чијашто главна тема ќе биде музиката, без оглед на жанрот или годината на продукција, со цел да создаде едно богато музичко искуство и патешествие. Една од целите на фестивалот е да го прикаже богатството на денешниот музички свет, изразен преку музичките документарци.