Зошто „Реј Бан“ очилата се наречени така?

од Vladimir Zorba
70 прегледи

– Модата е променлива, но некои брендови како „Реј Бан“ успеаја да опстанат сето ова време.

Очилата со класичен дизајн се едни од најпродаваните и најкопираните во светот, а неверојатно е дека беа еднакво популарни и во времето на младоста на нашите родители, како што се и денес.

„Реј Бан“ е основан во 1937 година од американската компанија „Нош енд Ломб“, а првите очила со тој потпис настанале откако пилотите ја замолиле компанијата да направат очила, кои би спречиле Сонцето да не им ги оштетува очите додека летаат.

Така настанал популарниот дизајн на пилотски очила, а освен пилотите почнале да ги носат и војниците, а потоа и сите други, бидејќи освен што многу убаво се дизајнирани, тие ги спречуваат и сончевите зраци. Односно на англиски, „bаn the sun rays”. Сфаќате?

Ray-Ban (Реј бан) = BAN SUN RAYS

Ете, затоа тие така и се нарекуваат.