По состанокот со премиерот на Естонија Јуриј Ратас во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сите членки мораат да ги споведуваат одлуките кои ги носи НАТО. Меркел на прес конференцијата за медиумите рече дека сите , вклучувајќи ги и САД, Канада и европските земји , се свесни за значењето на НАТО, напоменјувајќи дека земјите членки на НАТО мораат да бидат партнери кои имаат меѓусебна доверба, пренесува Анадолија

“Сите заедно мораме да ги спроведеме одлуките кои ги донесовме на самитите во Велс и Брисел. Тоа е заедничка одговност на секоја членка на НАТО”, рече Меркел. Зборуваше и за одлуката на САД за напуштање на Парискиот климатски договор, напоменувајќи дека Германија ќе продолжи со напорите во врска со спроведувањето на овој меѓународен договор.
На прашањето за одлуката на Европската комсиија да покрене правна постапка против Полска, Унгарија и Чешка поради ” непреземање на неопходната акција” во решавањето на бегалската криза, Меркел истакна дека Комисијата си ја врши својата работа.
“Комисијата во рамките на своите наделжности го работи она што треба да го направи. Мислам дека не постои нешто во врска со ова прашање поради што би требало да се критикува Комсијата “, рече германската канцеларка.
Потсети дека Естонија од 1 јули ќе го преземе полугодишното председавање со Европската унија, додавајќи како никој од тие земји не очекува да направат голем исчекор во врска со бегалската криза, која е само една од темите на дневниот ред на овие земји членки.
EУ се соочува со многу проблеми, како што се тероризам, мигранти, енергетска несигурност, економска нестабилност, односите со Русија како и војната во Сирија.