10 актери, кои одбиле големи филмски улоги

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Џон Литгоу како Џокер?

Не е толку неверојатно како што изгледа, бидејќи ѕвездата од серијата “Круната” бил на чекор да одигра суперроља во хит филм.

71-годишниот гигант всушност можел да го одигра непријателот на Бетмен двапати – прв пат во филм на Џо Данте, кој така и не бил снимен, а вториот пат во блокбастер на Тим Бартон од 1989 година “Најлошото беше мојата аудиција за “Бетмен” на Тим Бартон “, откри Литгоу пред церемонијата на доделување на наградите “Тони “во Њујорк оваа година.
“Се обидов да го убедам дека не сум вистинскиот човек за улогата и успеав”, додаде тој. На крајот, Џек Николсон го одигра Џокер во филмот на Бартон и доби износ од 100 милиони долари за улога.
ВВС набројува уште деветмина актери, одбиле улоги кои најверојатно требало да прифатат.

Eма Вотсон – “Ла Ла Ленд”

Ема Стоун доби Оскар за “Ла Ла Ленд”, но друга Ема била одобрена првично за улогата во романтичниот филм на Демијан Чазел заедно со Мајлс Телор. “Првично Ема Вотсон и Мајлс Телер требало да ги одиграат улогите. Ниту еден од двајцата не се покажа соодветен “, откри режисерот минатата година. “Ова е едно од оние нешта, кога познати имиња се поврзуваат со проекти многу порано со цел да создадат очекување за нешто неизбежно, пред навистина да биде договорено нешто”, објасни за ситуацијата Вотсон во март. Актерката од серијата за Хари Потер сепак доби шанса да пее и танцува на големиот екран, благодарение на нејзината улога на Бел во римејк на Disney на “Убавицата и ѕверот”.

Марк Волберк “Планина Броубек”

По неговата улога во “Буги ноќи” едвај нешто друго би било премногу екстремено за Марк Болберк. Актерот сепак признава дека бил “малку збунет”, откако прочитал сценариото на “Планината Броубек”, драмата на носителот на Оскар Анг Ли за двајца хомосексуални каубои и нивната незаконска врска. “Беше премногу сурово, описно”, раскажа актерот. Тој, конечно, ја одбил улогата, а режисерот така и не се обидел да го убеди да ја смени одлуката. На крајот, Џејк Џилленхол јал освои награда БАФТА за улогата, која била наменета за Волберг.

Шон Конери – “Господарот на прстените”

“Не помина!”, извикува Гандалф во првиот филм од серијалот “Господарот на прстените”. Но Сер Шон Конери ја пропуштил шансата да го одигра маѓионичарот со долга брада на Толкин. “Така и не разбрав ништо. Ја прочитав книгата, го прочитав сценариото, го гледав филмот и продолжувам да не го разбирам “, признава сер Шон. “Филмовите ќе беа многу различни, ако Шон Конери учествуваше во нив”, рече сер Иан Меккелен, кој на крајот одигра Гандалф во “Дружината на прстенот” и беше номиниран за Оскар за улогата. “За почеток Гандалф требаше да доаѓа од Шкотска!”, се пошегува Меккелен.

Кристина Апелгејт – “Професија русокоса”

Улогата на Ел Вудс во “Професија русокоса” одеше толку многу на Рис Витерспун и дека е тешко да поверуваме дека таа не била првиот избор на режисерот. Но, вистината е дека многу други актерки биле во листата за улогата пред, на крајот, таа да дојде на листата. Меѓу нив е и
Кристина Апелгејт, позната по учеството во серијата “Жени со деца”. Апелгејт најверојатно изгледала како природен избор предвид улогата на глупав русокоса во серијата. Таа одбила да учествува во филмот и така иу обезбедила шанса на Витерспун да добие номинација за “Златен глобус”. “Ме исплаши тоа дека ќе се повторам. Каков глупав потег, нели? “, призна Кристина во 2015 година

Џон Траволта – “Форест Гамп”

Животот е како кутија чоколади – никогаш не знаеш какво ќе ти се падне. Малкумина знаат дека можевме да го гледаме Џон Траволта како Форест Гамп наместо добитникот на Оскар Том Хенкс. Траволта добил предлог да ја одигра главната улога во филмот на Роберт Земекис, но ја одбил и конечно се завршил во “Евтини приказни”. Двата филма беа конкуренти на церемонијата на доделување на Оскарите, на која Форест освои шест награди, а “Евтини приказни” само една.

Ворен Бити – “Убиј го Бил”

Квентин Тарантино му ги обезбеди услугите на Траволта за “Евтини приказни”, но не успеал да ги убеди Ворен Бити да ја одигра главната улога во “Убиј го Бил”. Актерот имал резерви поради долгото време во кое Тарантино требало да снима во Кина и се повлекол од проектот, овозможувајќи им на Дејвид Карадајн да земе улогата. “Не сакав да ги оставам своите деца”, го објаснува Бити повлекувањето. “Ворен беше добар избор и ќе беше прекрасен во филмот”, рече режисерот во 2004 година, додавајќи дека меѓу двајцата нема непријателство поради создадената ситуација.

Вил Смит – “Матрикс”

Друг актер кој го одбил Тарантино, бил Вил Смит. Тој требал да ја одигра улогата на Џејми Фокс во “Џанго без окови”. Смит сепак може вистински да жали што не го одигра Нео во “Матрикс”, иако тврди дека не бил погоден за проектот. “Матрикс има тешко разбирлив концепт. Не се гледав себеси во неа “, изјави актерот во 2004 година “Ја гледав претставата на Кијану, ретко велам такви работи, но јас само ќе лошо ќе ја одиграв улогата. Во тоа време не бев доволно паметни како актер, за да донесам одлука з успех на филмот “, додава Смит. Неговата сопруга Жад соработува со Ривс во вториот и третиот филм од “Матрикс”, а Кијану работи со нивниот син Џејсон во “Денот кога земјата престана”.

Џулија Робертс – “Вљубениот Шекспир”

Неколку години пред да освои Оскар, “Вљубениот Шекспир” изгледаше како елегантен филм во која требаше да глуми ѕвездата од “Убава жена”. Џулија Робертс сепак сакала Даниел Деј Луис да е нејзиниот Шекспир и кога тој одбил да учествува во проектот, таа го следела неговиот пример. “Даниел не пројави интерес, па Џулија се откажа и се пропадна само шест недели пред почетокот на снимањето”, откри еден од актерите кои учествуваше во проектота – Симон Колоу, но во 2014 година На крајот, Гвинет Палтроу доби Оскар и се расплака за време на благодарствениот говор.

Николас Кејџ – “Кечерот”

 

Мики Рурк бил првиот избор на режисерот Дарен Аронофски да одигра Ренди Робинсон во филмот “Кечерот” од 2008 година. За жал, во тоа време Рурк немал особен успех на благајните, па улогата била понудена на Николас Кејџ. Но откако првично ја прифатил улогата актерот размислил. “Херојот е кечист кој е во неволја поради стероиди. Си реков дека нема да можам да изгледамт така без да прибегнам кон стероиди, а тоа никогаш не би го направил, па се откажав од филмот “, раскажа Кејџ во 2009 година. На крајот, Аронофски наоѓа вистинскиот човек за улогата во лицето на Рурк, кој заработи номинации за “Златен глобус”, БАФТА и Оскар.