Трамп доброволно ја објавил декларацијата. Тоа покажува дека тој добил приход во износ од 19,7 милиони долари од хотел во Вашингтон, отворен во септември 2016 година Претседателот исто така пријавил приход од 37,2 милиони долари од одморалиштето “Мар а Лаго” во Флорида и 19,8 милиони долари од голф клубот во Бедминстер, Њу Џерси.
Според декларацијата Трамп добил хонорари за свои книги во висина од 7 милиони долари, а исто пензија за 84 илјади долари од еснаф на киноактерите на САД. 
Во поднесените документи се рефлектира неговите инвестиции, средства, приходи и пензиски исплати. Приходи во износ од 288 милиони долари добил Трамп од 565 компании и организации. Претседателот пријавил и обврски на вредност 315 милиони долари.
Трамп пријавил приход од 594 милиони долари за 2016 година и почетокот на 2017 година, како и средства во вредност од најмалку 1,4 милијарди. Долари.
Според декларацијата Трамп се повлекол од над 500 позиции, многу од нив еден ден пред преземањето на функцијата како претседател. Тој поставил средствата под управа на доверителски фондови, предводени од неговите синови, за да избегне конфликт на интереси.
Финансиската декларација, која вклучува општи податоци за приходи и должности, се разликува од даночната декларација која содржи целосни финансиски информации.
Трамп одбива да ја открие даночната пријава, прекршувајќи ја традицијата, според која претседателите и кандидатите за претседателската функција доброволно ги објавуваат овие податоци.
Според законот, претседателот на САД не е должен да ја објавува даночна пријава, но одбивањето на Трамп да го стори тоа станува повод за критики од страна на неговите противници.