“Принцот на Црна Гора и Македонија”: Ме бркаат меѓународни шпиони!

од desk3
124 прегледи

Стефан Чернетиќ кој со години се претставувал како “Принцот на Црна Гора и Македонија” и за кого италијанската полиција издаде наредба за следење, се откажа од историјата на потеклото во разговор за  српски “Блиц”. Наместо тоа, тој извади нова, уште полуда теорија. Тој во разговорот со српските новинари по телефон одбил да каже каде се наоѓа во моментов. Имал сепак подготвен одговор зошто против него во Италија, а и на целиот Балкан се води вистинска потрага. Одговорот беше ни повеќе, ни помалку политичкои”Јас сум многу влијателен човек, имам меѓународна репутација, се дружам со амбасадори, кралеви, бизнисмени и претпоставувам дека тоа не им се допаѓа на балканските тајни служби. А најмногу на црногорската. Мислам дека се организирале против мене” вели Чернетич за “Блиц”.

Тој ги негира и обвинувањата дека си измислил лажен идентитет. Тврди дека може да ги докаже своите кралски корени и оти не фалсификувал ниту еден документ. За инцидентот од неговиот одмор во Бриндизи, кога неговата хотелска сметка беше испратена во македонската амбасада, тврди дека ова е измислено и всушност станува збор за “меѓународен шпионски заговор”. “Јас бев поканет таму заедно со моите соработници, ќе ви ја покажам поканата од познат бизнисмен. Нема никаква сметка на мое име, ништо не е праќам никаде, тоа е измислица на меѓународните шпиони”, рекол возбудено по телефон “Принцот”.

Тој не ја испратил покана во “Блиц”, но испратил копии од различни документи со кои го докажува своето потеклото . Името на Стефан Чернетиќ стана познсато  откако се расчу дека се претставувал во странство а најмногу во Италија како “Принцот на Црна Гора и Македонија”  и се хранел во скапи ресторани и се одмарал низ различни одморалишта без да плаќа. Листата на измамени луѓе е многу долга.