Миниsтртите за трaнспорт на Бугарија и на Македонија, објавија дека изградбата на железничката линија Софија – Скопје, останува приоритет за двете држави, но признаа дека буџетите тешко ќе го преземаt целиот финансиски товар на проектот и дека треба заедно да бараат надворешни инвеститори.
Ова стана јасно по состанокот меѓу бугарскиот министер за транспорт Ивајло Московски, и неговот колега Горан Сугаревски, кој е дел од владината делегација која ја предводи премиерот на Македoнија Зоран Заев. 
Значењето на оваа железничка врска беше нагласена и од бугарскиот премиер Бојо Борисов, ден пред посетата на Заев.
Реализацијата на проектот, сепак зависи од обезбедувањето на финансирањето за изградба на линијата на македонска територија, модернизацијата на постојната траса Софија – Ѓуешево како и изградба на целосно нова делница од 2,5 километри од железнчката станица Ѓуeшево до македонскта граница. Московски пред својот колега изјави дека Бугарија има обезбедено средсва од оперативната програма “Транспорт и транспортна инфраструктура” за целокупната подготовка на проектот за модернизација на пругата Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево. Доколу се обезбедат финансиски ресурси изграбата на железничката станица може да започне во 2020 година, смета Московски.
Сугаревски за возврат го информирал бугарскиот колега за напредокот на проектот за изградба на нова железничка линија од Крива Паланка до границата со Бугарија, како дел од Паневропскиот коридор 8, од Радомир до Белјаковци. Од бугарска страна ќе учествуваат експерти, кои ќе ги набљудуваат активностите и ќе и помагаат на македонската страна. Проектот ќе се спроведува во близина со границата со Бугарија и во неговиот опфат спаѓа прекуграничниот тунел “Деве Баир”, потсетуваат од бугарското министерство за транспорт.