ЕП фудбал У-21: Шпанија прв полуфиналист

од Vladimir Zorba
114 прегледи

  Фудбалската репрезентација на Шпанија прва избори пласман во полуфиналето на Европското првенство за играчи до 21 година откако синоќа во дуелот од 2.коло од Б групата ја совлада Португалија со 3:1.

На вториот дуел од групата во Бидгошч, Македонија и Србија одиграа без победник 2:2, а Србија голот за изедначување го постигна во последната минута.

Шпанија со 6 бодови е прва во групата со обезбедено полуфинале, Португалија има 3 бодови, а следуваат Србија и Македонија со по 1 бод.

Во последното коло Македонија игра против Португалија, а Шпанија со Србија.

„Црвената фурија“ до победата во Гдиња над Португалија стигна со головите на: Саул Нигуез (21.минута), Сандро Рамирез (66) и Инаки Вилијамс (90+3), додека стрелец за Португалија беше Брума (77.минута).

Денеска на шампионатот се играат дуелите од 2.коло од групата Ц: Чешка – Италија и Германија – Данска

Слични содржини