Американски војници се истовараат во Македонија

од Vladimir Zorba

 Kонвој на армијата на САД тргна кон Македонија Владата на Република Македонија вчера донесе одлука да дозволи влез на војска на САД на територијата на Македонија.

 

 Американска војска ќе дојде во Македонија,македонската влада , откако ја донесе одлуката на седницата да дозволи „мирољубив влез на вооружени сили од САД, за вежбовни активности на Криволак“.

Станува збор за прва ваква вежба во Македонија и можност нашата држава да покаже логистичка подготвеност за одржување и на други вакви регионални вежби во иднина, што се оценува дека е добар сигнал и во рамки на НАТО аспирациите на Македонија“, се вели во соопштението.

Специјализираните медиуми на американската војска, од пред три дена пишуваат дека дел од нивната армија сместена во Вилсек, Германија, веќе го подготвува конвојот за пат од околу 2.200 километри за воената вежба „Сабја“ во Македонија.

Слични содржини