Индиско село го смени името во чест на Трамп

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Сиромашно индиско село речиси без проточна вода и струја, одлучи да се прекрсти во “Селото Трамп” во пресрет на посетата на индискиот премиер Нарендра Moди во Вашингтон. Промената на името на населеното место, во провинцијата Харјана, порано позната како Марора, беше одбележана со голем билборд со натпис “Добредојдовте во Село Трамп” на хинди и англиски, придружен од голема слика на американскиот лидер.

Исто така на ѕидовите на многу куќи во селото, изградени претежно од кал, беа поставени плакати со ликот на Трамп, украсени со златни цветови по повод церемонијата на промена на името, на која присуствуваа локални владетели и индиска добротворна организација.

Но, независно од плакатите и билбордот промената на името не е формална и дури и може да биде казнета од страна на владата. Симболичниот гест доаѓа неколку дена пред првата посета на премиерот Моди кај новиот сопственик на Белата куќа.

Невладината организација “Сулаб”, која монтира тоалети во сиромашното село, му предложила на локалниот совет промена на името. Според основачот на групата Биндешвар Патак, идејата му дошла за време на неодамнешната посета на САД. Според него, тоа не е преседан и во последните години и други села во регионот го смениле името.