Километарските колони возила на македонско-грчката граница кај преминот Богородица и високите температури ,особено вчера откако сите се згнаа на викенд резултираа со нервозни возачи, пцовки и кавги. Двајца возачи дури и се степаа.
Заедно со ова видео на социјалните мрежи кружат и сведоштва дека демек не биле наши туку Срби биле во тепашката. Возилата биле со српски регистарски таблички, од Белград и Панчево.
Причината за тепачката е вообичаена како и кавгите- едното возило влегло во колоната преку ред, а тие веќе дремат на топлото за да ја поминат границата.Очевидците тврдат дека се степале претходно и жените на возачите, а потоа и тие.
Како и да е врие во секој поглед на границата на јужниот ни сосед.