Почна средбата Заев – Хан

од desk3
93 прегледи

Во тек е средбата меѓу еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан, и премиерот Зоран Заев.  Ќе се разговара за реформите што Европската унија ги очекува од земјата.  

По средбата со премиерот Заев, Хан ќе има средба со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Веднаш по средбите ќе се одржи тематска седница на владата за реформите кои треба да се спроведат, на која ќе присуствува и комесарот Хан.Еврокомесарот Хан и премиерот Заев ќе одржат заедничка прес-конференција за медиуми во 14 и 45 часот во Владата

Пред неговото доаѓање во Македонија, Хан посочи дека доаѓа да даде поттик за спроведување на реформите што Брисел очекува да бидат спроведени во брз рок со цел земјата да се врати на патот на евро-атлантските интеграции.