Загреб: Бандиќ предложи плоштадот Маршал Тито да се преименува во плоштадот на Република Хрватска

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, денеска најави дека ќе предложи плоштадот Маршал Тито да се преименува во Плоштад на Република Хрватска и дека предлогот ќе го достави до Одборот за преименување.

“Мојот предлог за преименување на плоштадот до Одборот за премиенување ќе биде доставен на првата седница на Собранието и тој ќе се нарекува плоштад на Република Хрватска”, рече Бандиќ на прес-конференција, пишува Вечерњи лист.