Случаите „Пуч“ и „Сопот“ денеска се на дневен ред на седница на Советот на јавни обвинители. Од советот се бараше да се произнесе дали случајот „Сопот“ ќе му биде препуштен на СЈО кое во неколку наврати соопштуваше дека има доволно докази за овој случај.
За „Сопот” се осудени 11 жители на ова село со вкупно 150 години затвор под обвинение дека поставиле мина од која загинаа двајца полски војници.
На „чекање“ беше и случајот „Пуч“ над кој СЈО воспостави надлежност, но претседателот на Советот, Петар Аневски не го ставаше на дневен ред отстапувањето на доказите на СЈО.
Според информациите од Советот, на дневен ред ќе биде единствената пресуда за случајот „Пуч“ со која обвинетиот Звонко Костовски е осуден на три години затвор. Специјалното обвинителство во јануари го повлече „Пуч“ објаснувајќи дека во истрагата за „Тврдина“ дошле до докази кои се целосно спротивни на она што е прикажано во „Пуч“.