
Сериозен нцидент се случи во метрото во Њујорк. Поради хаварија се блокирани неколку линии на подземната железница, пренесоа американските медиуми.
Според првичните податоци причината е воз, кој излетал од шините. Според непотврдени информации повредени се над 30 лица, од кои 17 се во тешка состојба и се однесени во болница.
Во оваа фаза истражните тврдат дека итните сопирачки на возот се активирале и поради тоа дошло до инцидентот.
Возот кој излетал од шините бил на линијата, која се движи од 125-та улица до авенијата “Сент Николас”, како и тунелот.
Униформираните полицајци рекле дека поради хаваријата над 500 патници се движеле по шините пред да излезат од тунелите. Комесарот на противпожарната служба Дан Нигро сепак нарече оваа акција не е “опасна”.