Путин и Трамп веројатно ќе се сретнат на самитот Г20

од desk3
498 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп, најверојатно ќе се сретнат следната недела на самиотот Г20 во Хамбург.


„Претпоставуваме дека ќе се сретнат, со оглед на тоа дека двајцата претседатели ќе бидат во ист град, во исто време, во иста зграда, во ист хол. Не би било во ред, мислам, аке немаат прилика да разговараат за многу работи“, вели Лавров.

Ситуацијата во Сирија и во Украина ќе бидат дел од темите за кои овие двајца може да разговараат, додал Лавров, и вели дека фокус ќе биде нормализација на односите Русија и САД.