
План за создавање на првиот во Кина интернет суд беше одобрен на 36-тата седница на ЦК на Комунистичката партија на Кина со што се продлабочуваат реформите, соопшти Телевизискиот канал CCTV. Првиот интернет суд ќе биде во градот Хангжу, провинција Џаздезјан и во него ќе се разгледуваат случаите поврзани со овој криминал.
Се забележува дека судскиот систем на градот веќе гледа бројни дела за криминал и нивниот број постојано растe. Во 2013 судот разгледал околу 600 такви дела, а минатата година нивниот број бил веќе над 10.000. Интернет судот ќе гледа дела за измама во он лајн трговијата, за склучување он лајн договори, за кршење на авторските права на интерент.
Сите судски постапки, од поднесување на пријавата ќе се одржат на сајтот на судот. Судските рочишта исто така ќе одат он лајн преку видео врска во реално време